„Карфур“ ја подобрува својата финансиска стабилност и напредува на својот пат да стане најголема дигитална малопродажна компанија во Европа. За целата 2023 година, компанијата објави бруто-продажба од 94,1 милијарди евра, што претставува зголемување од 9,3% според константниот курс.
Пишува: Себастијан Ренак, меѓународен ритеил аналитичар
Според сегашните курсеви, стапката на раст е само 3,5%, главно поради депресијацијата на аргентинскиот пезос. Во време кога инвестициите во цените, технологијата и дигиталната технологија се клучни за идната конкурентност, компанијата исто така, беше во можност да го засили својот краен резултат. ЕБТДА за годинава изнесува 4,56 милијарди евра, што е зголемување од 8,9% по константниот курс. Нето приходот за годинава се зголеми од 1,57 милиони евра на 1,64 милијарди евра.
Меѓу другото, позитивен резултати бил остварен во заштедата на трошоците од 1,06 милијарди евра, во согласност со целта до 2026 година да бидат заштедени вкупно четири милијарди евра, како и со укинување на работата на „Карфур“ во Тајван. Ова и овозможи на групациајта да го намали нето долгот за 818 милиони евра или 2,56 милијарди евра и да го започне следниот откуп на акции за 700 милиони евра. „Карфур“ ја одредил дивидентата за годинава на 600 милиони евра, што е зголемување од 55% во однос на претходната година.
Малопродажната групација е на прав пат со својата агенда „Дигитал ритејл стратеџи 2026“, која е започната во 2022: Е-трговијата GMV (gross merchandise value) пораснала за 26% , од 4,2 милијарди евра во 2022 година, на 5,3 милијарди евра во 2023 година. „Карфур“ сака во 2026 година да достигне до 10 милијарди евра. Меѓу другото, клучно за ова е лансирањето на виртуелната непрехранбена продавница минатата година на „Ракутен“ маркетот. Исто така, компанијата регистрирала и осум милиони онлајн трансакции. Компанијата планира да оствари приход од овој потенцијал преку малопродажни медиуми со помош на заедничките компании со мултинационалната француска рекламна компанија „Публикус груп“.
Исто така, „Карфур“ е спремен да се фокусира на конкурентоста на својата малопродажна мрежа на своите клучни пазари во Латинска Америка и Европа. Компанијата го зголемила своето присуство на домашниот пазар во Франција со купување на 175 „Кора“ и „Меч“ продавници од компанијата „Касино“ и 31 продавница од „Интермарше“. Компанијата ја проширила и својата мрежа во Шпанија со купување 47 супермаркети од „СуперКор“ од „Ел корте иглес“, како и бизнисот на „Кора“ во Романија кој се состои од 19 продавници. Во комбинација со новите отворања, во продавниците на „Групо Биг“, компанијата ги додава и 92 хипермаркети на „Атасао лоу прајс кеш & кери“ во Бразил, со цел до 2026 година да има најмалку 200 нови продавници. На ниво на целата групација „Карфур“ отворил 653 нови продавници во претходната година, во план е до 2026 година малопродажната мрежа да биде побогата за уште 2.400 објекти.
Развојот во Централна и Југоисточна Европа е мешовит. Единствената земја со негативен учинок од – 0,6% во 2023 година била Полска. Во Романија, компанијата постигнала солиден резултат од продажбата од +7%. Во согласност со овие податоци со истото продажно подрачје, главните инвестиции во регионот доделени се на продажните единици во Романија, која годината ја завршила со над 40 нови локации во сите продажни формати. За разлика од тоа, во Полска, мрежата со франшизни продавници се намалила за речиси 90 мали продавници(види графикон).
Со цел да ја зголеми својата ценовна конкурентност во пазарното окружување, кое во моментов се карактеризира со висока чувствителност на цените, „Карфур“ го поттикнува развојот на своите приватни брендови. Имајќи за цел 40% удел на сопствениот бренд во продажбата на храна до 2026 година, компанијата успеа да го зголеми тој сооднос минатата година во групата за повеќе од три процентни поени од 33% на 36% во продажбата на храна.
Соработката за франшиза е дел од оваа стратегија. Во 2023 година, компанијата започна партнерство малопродажните банери „Јетон Битан“ во Израел, „Алтан Јоло“ во Монголија, како и со чешката група „ЈИП Ритејл“. За потсетување, „Карфур“ во 2020 година започна со продажба на приватни брендови во продавниците на „Кооп“ во нордискиот регион, а следната година ќе ја прошири оваа соработка и со брендирани добавувачи.
Себастијан Ренак е основач на „Алетос ритеил адвајсори“, меѓународен аналитичар и поранешен меѓународен дописник на Lebensmittel Zeitung (LZ), водечки економски неделник за FMCG–секторот. Има големо практично искуство во индустријата како поранешен член на оперативните тимови на „Шварц груп“ и „Метро груп“ во Полска, Украина и Русија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.