Анализи

Нилсен IQ: Присуство на маркетите на ТВ

17 Aug 2023

Ви претставуваме преглед на огласувањето на трговците на ТВ-станиците во Македонија. Извор за овие податоци е „Ниелсен аудиенце меaсуремент“ – Македонија  (www.nielsen.com), единствениот мерач на телевизиска гледаност на ниво на Р. Македонија избран од страна на Стопанска интересна заедница - Комитет за мерење на публиката во Р. Македонија. 

Приреди: „Ниелсен аудиенце меaсуремент“ – Македонија  (www.nielsen.com),

Анализите за Македонија се правени на Live + As Live Activity – тоа се секојдневни рејтинзи кои опфаќаат реално гледање телевизија во живо + рејтинзи од одложено гледање телевизија како во живо на ТВ-содржини во текот на истиот ден кога се емитувани, но не се гледани во живо во времето на емитување. На пример, на одреден канал X се емитуваат вести во 9 часот наутро, гледачот/корисникот ги гледа истиот ден, но не во времето кога се емитувани во живо преку снимање или ТВ-тека (опции што ги нудат ТВ-провајдерите во земјата).

Варијаблата по која се правени извештаите е Eq.GRP и нивниот удел. GRP (Gross rating point) е збор на рејтингот на секој индивидуален рекламен спот, а Eq.GRP (Equivalent Gross rating point) или 30 секунди GRP е еднакво на рејтингот кој би се остварил кога должината на рекламниот спот би била 30 секунди. Секој производ има своја целна група, а за да се направи споредлива анализа, потребно е за целата категорија каде што тој производ припаѓа да се избере една или повеќе целни групи. Сите извештаи се правени на целна група тотал индивидуалс (Македонија 4+) – сите индивидуи на ниво на цела земја од 4-годишна возраст нагоре). Се разбира дека анализите би биле поинакви кога би се направиле на други целни групи, како на пример: сите 18-49, жени 20-50 и други.

Во табела 1 е даден секторот трговија и кои сè трговци се опфатени во анализата во периодот од 1.1.2022 до 31.12.2022 за ТВ-станиците Сител, Канал 5, Алфа, Телма и Алсат М.

Табела 1: Огласување на категоријата, Македонија, од јануари до декември 2022 година

Во анализата ТОП-огласувачи во периодот од 1.1.2022 до 31.12.2022 за ТВ-станиците Сител, Канал 5, Алфа, Телма и Алсат М – (табела 2) вклучени се огласувачите што биле активни во периодот на кој се однесува анализата. Тие се рангирани по остварени Eq.GRP.

 

Табела 2: Топ-огласувачи по остварени Eq.GRP

Табела 3: Топ-брендови од секторот трговија. Анализиран период: од 1.1.2022 до 31.12.2022

Извештаи за ТВ-сцената на Косово

„Нилсен“ им обезбедува на огласувачите, агенциите и сопствениците на медиуми слика на целиот конкурентски пејзаж, мониторирајќи: кој се рекламирал - на кој медиум - колку чинела кампањата - колку реклами и кои формати на реклами биле емитувани на ТВ. Во моментов шест од најважните ТВ-станици се опфатени со оваа услуга: РТВ21, РТК1, Клан Косова, КТВ, Дукаѓини, АТВ и Т7. Официјален претставник на „Нилсен“ за локална продажба на пазарот и партнер е „Пикаса“ – www.pikasa.ai

Анализите се прават со помош на најсофистицираната и најнапредна алатка во процесот на иновации за софтверски анализи на „Нилсен“ – АРИАНА.

Во продолжение може да ја погледнете табела 4 каде што се прикажани категориите во секторот трговија, додека во табела 5 се дадени ТОП-огласувачи по број на инсертации за периодот од јануари до декември 2022 година.

Табела 4: Огласување на категоријата, Косово, од јануари до декември 2022 година

 

 

 

Табела 5: ТОП-огласувачи по број на инсертации, Косово, од јануари до декември 2022 година



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...