Речиси секој во Македонија има најмалку еден мобилен телефон, еден комјутер, лаптоп, таблет... И македонските потрошувачи, како сите во светот, постојано се на релација реалност и дигитален свет, сѐ повеќе стануваат зависни од единствениот клик што овозможува мал милион информации. Во моментите кога сѐ се развива со огромна брзина, а параметрите за добриот производ се сведуваат на тоа тој да биде квалитетен и да одговара на брзиот начин на живеење, меѓу потрошувачите се води борба меѓу тоа што консумирале некогаш и тоа што го носи новото време.
На осмата интерактивна Talk IN Business конференција, посветена на категоријата кафе и топли пијалаци, присуствуваа околу 30 претставници од компаниите: „Атлантик група", „АВТ-интернатионал", „Нестле Адриатик", „Алена рајска градина", „Кола", „Крашкомерц", „Рио кафе", РСМ и „Пакомак". Тие имаа можност да слушнат повеќе податоци од истражувачките агенции „Фокус маркетфоршунг" и од „Нилсен", а преку презентацијата на Дарко Булдиоски од интернет-академијата на Clear view, да навлезат во светот на социјалните медиуми кој нуди нови можности и искуства. Во текот на групните дискусии, како и на сите конференции досега, опуштено позборуваа за искуствата во дигиталната комуникација со потрошувачите, дадоа свои примери за своите кампањи, разменија мислења за културата на пиење кафе и топли пијалаци и подискутираа за насоката во која таа ќе се развива во иднина. Првата презентација на „Фокус маркетфоршунг" понуди анализа на промоциите во флаерите на категоријата кафе и топли пијалаци. Според податоците на агенцијата, кои ги презентираше Весна Благојевиќ, менаџер за продажба за пазарите Србија, Македонија и Црна Гора, во земјава, топлите пијалаци во флаерите имаат удел од 5,2 отсто од целокупниот прехранбен сектор, што претставува највисок процент во однос на другите земји во регионот.
|
Пазарот на промоциите на кафето и на чаевите се развива, но тие најчесто се врзуваат за попустите. Сепак, во споредба со земјите од регионот, во Македонија попустите се најниски, до 20 отсто. |
Најголемиот предизвик на социјалните медиуми е да се најдат доволно вредни содржини за споделување и да се одржува нивниот континуиран пораст. Исто така, многу важно е и поврзувањето на офлајн и онлајн-светот. |
Податоците покажуваат дека локалните брендови во категоријата кафе се најзначајни и оттука, Сретеновиќ укажа дека е потребна заедничка активација на производителите за тој сегмент да се „разбуди". |
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.