Talk in Business

Talk IN business: Конструктивни дебати за развој на категоријата

23 Nov 2015
 
 
 
                                               Слатка програма                                                         

Talk IN business како проект повеќе од една година успешно се реализира од редакцијата на InStore во Босна и Херцеговина. За да го издигнеме работењето на FMCG-секторот на повисоко ниво, што е трајна мисија на InStore, редакцијата на InStore во Македонија ја одржа првата интерактивна конференција Talk IN business во земјава.

Производителите, дистрибутерите и трговците можат заедно да помогнат во развојот на категоријата слатка програма и преку меѓусебна размена на знаењата и флексибилност, да создадат поквалитетна понуда за крајните потрошувачи. Ова беше заклучокот од правата интерактивна конференција Talk IN business во Македонија, одржана на 29 октомври 2015 година.
 
Очигледно дека во категоријата слатка програма во Македонија постојат многу брендови, многу играчи, а теренот за игра останува ист. Сепак, за порастот на категоријата можат да придонесат повеќе фактори: продлабочување на комуникацијата меѓу производителите, односно дистрибутерите и трговците, размена на мислења, заедничка едукација на трговците и на производителите наменета за купувачите, давање еднакви можности итн.
 
На првата интерактивна конференција Talk IN business, присуствуваа повеќе од 40 најзначајни претставници од компаниите и од маркетите, а меѓу присутните беа: „Кола", „Колид С тим", „Рептил", „Јус МБ", „Рамстор", „Нелт", „СП маркет", „Свислион", „Орбико", „Макпрогрес", „Алка дистрибуција", „Нимекс", „Краш", „Атлантик трејд", „Денар дисконт", „Европа" и „Евро стил трејд".
 
Настанот беше поддржан од „Дуна" и во соработка со Амбасадата на Хрватска во Македонија, ГфК, „Медиана" и од „Гаус Пол".
 
Интерактивните Talk IN Business конференции ќе се одржуваат еднаш месечно и на секоја ќе се обработува одредена категорија производи од FMCG-секторот. Ќе бидат презентирани вредни информации од фокусирани истражувања на пазарот, анализи на актуелни трендови и проблематики но, пред сè, ќе се споделуваат искуствата за категориите.
 

Се гледаме на следната!

 
                                                                               ФОТО-ИЗВЕШТАЈ                                                                                                         

 

 

 

                                              ЗАКЛУЧОЦИ ОД ГРУПНИТЕ ДИСКУСИИ                                                                
Ширење на брендот на импулсивни производи и нивно позиционирање
  •  - Продлабочување на комуникациите меѓу компаниите и трговците, за долгорочно развивање на категоријата.
  •  - Силата на брендот одлучува дали неговата екстензија ќе биде позиционирана и на друго место во маркетот.      - Одвојувањето на чоколадните табли и баровите носи поголем профит.
  •  - Пакувањето на производот може да го направи производот силен. Иновативноста на пакувањето дава повеќе можности за позиционирање на производот.
  •  - Воведувањето екстензија на брендот кога се очекува намалување на продажбата ја задржува силата на брендот.
  •  - Пласирањето на импулсивните производи во малите продавници е вистински предизвик, а позиционирањето го прават сопствениците на продавниците. Потребно е да се најдат решенија за пакувања (единечни или збирни) кои ќе ја подобрат функцијата на производот.
  • - Позиционирање на чоколадите во фрижидерите, како секундарно позиционирање (пример од Косово). - Податоцитд овој проект покажуваат  пораст на продажбата.

 

 
Здрави, безглутенски и функционални производи што нудат дополнителна вредност

- Внимателно комуницирање со купувачите за тоа што е за нив здраво и поголема контрола од институциите.
- Побарувачка на здрави производи има, но, за жал, здрава храна консумираат потрошувачи кои имаат здравствени потреби. Сепак, оваа храна има иднина, бидејќи младите внимаваат што консумираат, повеќе читаат декларации и се информираат за состојките. 
- Потребно е маркетите да имаат одделни делови за здрава храна кои се внимателно позиционирани. На тој начин можна е нејзина зголемена продажба.
- Подигнување на свеста и поголема интеракција со потрошувачот. На пример, комуницирање на потрошувачите со нутриционист, информирање на купувачите на местото на продажбата преку посебни штандови, медиуми итн. 
- Пресликувањето на данокот за нездрава храна може да се рефлектира на зголемување на цената на производите. Потребно е намалување на даноците за здрава храна и инвестирање во субвенции за производство во Македонија.
 
 
Соработка меѓу маркетите и производителите/дистрибутерите за зајакнување и за подобрување на категоријата

-Односот меѓу трговците и производителите, односно дистрибутерите е динамичен и исполнет со конфликти, без кои тој не би можел да се оствари и да се развива. Од тој аспект, конечен заклучок не може да се постигне, освен дека борбата продолжува.
-На македонската сцена постои огромна конкуренција во кондиторската индустрија. За „борбата на полицата", неопходни се огромна подготвеност и големи инвестиции, а трговците треба да бидат пофлексибилни и да даваат еднакви можности.
-Потребна е поголема комуникација и соработка меѓу трговците и производителите, односно дистрибутерите. И двете страни имаат цели, поврзани со профитот, што се стремат да ги достигнат. Колку односите се поригорозни, толку и вратите се позатворени.
-Начини за постигнување на ситуација „вин-вин".
-Проблемот на паралелниот увоз на македонскиот пазар.
-Потребно е време за да се случи сегментација на македонскиот пазар, особено во делот со чоколадата.
-Предности и предизвици на лидерите на категоријата.
 
                                                            ИЗЈАВИ ОД УЧЕСНИЦИТЕ                                                                       

 
 
 
 
 
 
 
 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...