Одржани

Работилници за развој на клучните вештини за успех на POS

07 Apr 2022

Невромаркетингот, со помош на кој се декодира однесувањето на потрошувачите, и (neuro) shopper маркетингот, со чија помош се освојува купувачот на местото на продажбата, се темите на двете онлајн-работилници, на кои FMCG-професионалците ќе имаат можност да ги унапредат своите вештини.

Работилниците се во организација на агенцијата „Кликер маркетинг“ и магазинот InStore, а ќе ги води Дарко Лукиќ, директор на AMMC (Agency for Management and Marketing Consulting).

Еднодневната онлајн-работилница, насловена „Невромаркетинг – инструмент за декодирање на однесувањето на потрошувачите“ е закажана за 2 март. Погледнете ја целосната програма и дознајте зошто невромаркетингот е „светиот грал“ на креативноста.

Работилницата „Shopper и neuro-shopper маркетинг“ ќе се одржи на 6 април. Линк до еднодневната програма на работилницата, на која ќе научите како да го привлечете купувачот, чии одлуки за купување најчесто не се рационални.

Доколку сакате полесно да го разберете и да го освоите купувачот на местото на продажбата, со што ќе ги реализирате продажните резултати, пријавете се со вашите колеги.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...