Свет

Словенија донесе закон за неработни недели и празници

01 окт 2020

Продавниците во Словенија ќе бидат затворени во недела и државни празници во иднина, откако за две недели ќе стапи на сила законот што беше усвоен од парламентот и за кој гласаа многу пратеници од опозицијата заедно со владејачката коалиција.

Како исклучок, законот предвидува дека во недела и празници, ќе можат да работат продавниците со површина помала од 200 квадратни метри, како и продавниците во рамките на болниците и бензинските пумпи, оние на граничните премини, на пристаништата и аеродромите, железничките и автобуските станици. Сепак, само сопствениците или хонорарно ангажираните студенти и пензионерите ќе работат во недела.

Предлог-законот беше поднесен од опозициската партија Левица пред четири месеци, во кој се тврди дека забраната за трговија во недела и празници, што се спроведуваше за време на пандемијата, треба законски да продолжи дури и по завршувањето на кризата предизвикана од коронавирусот. Тогаш немаше договор за тоа, па парламентот го прифати дури сега, кога владејачката коалиција и дел од пратениците од опозицијата се согласија со овој предлог.

За законот гласаа 72 пратеници, а 13 беа против.

На необврзувачки референдум, Словенците ја поддржаа забраната за работа на продавниците во недела уште во 2003 година, кога 57% од нив беа за забрана, а наспроти 43%. Сепак, ова го оспоруваа работодавците во Уставниот суд, па големите продавници можеа да изберат десет недели во годината кога ќе бидат затворени за клиенти, додека тие работеа и други недели.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...