Португалскиот синџир маркети „Континенте“ претстави нова онлајн-платформа, која на купувачите им помага да го изберат најсоодветното сирење врз основа на неговите карактеристики.
Платформата Nossa Queijaria (Нашата продавница за сирење) има цел да го промовира целокупниот асортиман сирење што се продава во продавниците на „Континенте“. Врз основа на различни преференции на потрошувачите, платформата овозможува пребарување според различни фактори, како на пример – регион или земја на потекло, интензитет, вид на млекото (овчо, козјо, кравјо, биволско или мешано), вид на сирењето (свежо, меко, полутврдо, тврдо...), начин на созревање, добиени награди, време на потрошувачка и цении.
На мобилната верзија на апликацијата, купувачите може со скенирање на QR-кодот на производот да добијат повеќе информации.
Неодамна „Континенте“ ја лансира и апликацијата Garrafeira do Continente (Винскиот подрум на Континенте), која на купувачите им помага при изборот на вино.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.