Свет

Шведска ќе вбризга 12 милијарди долари во бизнисот

22 сеп 2020

Активностите во шведската економија годинава ќе се намалат за околу 4,6 проценти, оцени шведската влада и најави дека во 2021 година од буџетот во економијата ќе вбризга 105 милијарди круни или 12 милијарди долари.

Со тоа, Стокхолм сака да го поттикне растот на економијата погодена од пандемијата на коронавирусот.

Заедно ќе работиме на закрепнувањето на Шведска од кризата и за да изградиме поодржливо општество, соопштија од малцинската коалиција.

Буџетските мерки, како што се намалување на даноците за граѓаните и компаниите, како и повеќе средства за секторот за социјална заштита, веќе се широко познати во Шведска.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



„Лидл“ поставува болничка вентилација во продавниците

16 окт 2020

„Алибаба“ го купи мнозинскиот пакет акции на „Сунарт“

16 окт 2020

„Х5 Ритаил груп“ наскоро со формат на хард-дисконт

16 окт 2020

„Лореал“ после 15 години го менува извршниот директор

16 окт 2020

Кинеската економија се извлече од ковид-кризата

16 окт 2020

Полска: „Амазон“ вработи дополнителни 2.000 работници

16 окт 2020
Вчитува уште новости...