Свет

„Алди“ лансира средства за чистење

18 сеп 2020

„Алди“-Велика Британија на 24 септември ќе претстави приватна трговска марка на средства за чистење на домаќинствата, пода називот „Пауер форс“. 

Новата амбалажа на овие средства ќе може да се искористи и дополни и до четири пати. Тоа ќе му овозможи на трговецот годишно да отстрани околу 550 тони пластика за еднократна употреба од своите операции. 

Асортиманот има шест нови производи, меѓу кои се концентрати за чистење прозори, кујни и купатила по цена од 1,99 фунти. Ре-употребливото пакување на „Пауер форс“ ќе чини по 0,99 фунти. 

„Алди“ се обврза дека до 2022 година целосно ќе помине на амбалажа која ќе може да се рециклира, со цел до 2025 година да ја преполови количината на пластична амбалажа за своите производи.  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



„Лидл“ поставува болничка вентилација во продавниците

16 окт 2020

„Алибаба“ го купи мнозинскиот пакет акции на „Сунарт“

16 окт 2020

„Х5 Ритаил груп“ наскоро со формат на хард-дисконт

16 окт 2020

„Лореал“ после 15 години го менува извршниот директор

16 окт 2020

Кинеската економија се извлече од ковид-кризата

16 окт 2020

Полска: „Амазон“ вработи дополнителни 2.000 работници

16 окт 2020
Вчитува уште новости...