Француски „Лакталис“ ја презема категоријата млечни производи од американскиот концерн „Крафт-Хајнц“ за 3,2 милијарди долари.
Веќе подолго време „Крафт-Хајнц“ има намера да го продаде поголемиот дел од млечните производи – млечни намази и тврди сирења, брендови што се достапни само во Северна Америка. Како што е соопштено од седиштето на компанијата, продажбата е дел од стратегијата за поедноставување на работењето и фокус на брендовите што имаат најголем потенцијал.
Отидовме предалеку од потрошувачот, вели Нина Бартон, менаџер за развој во „Крафт-Хајнц“.
Со купувањето на брендовите Cracker Barrel, Breakstone's, Knudsen, Polly-O, Athenos, Hoffman's и Cheez Whiz, „Лакталис“ ќе ја преземе контролата на три производствени погони на „Крафт-Хајнц“ во Калифорнија, Њујорк и во Висконсин, како и на дистрибутивниот центар во Висконсин.
За купувањето на млечните брендови на американската компанија беше заинтересиран и швајцарскиот концерн „Нестле“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.