Свет

„Крафт-Хајнц“ го зголеми буџетот за рекламирање

16 Sep 2020

„Крафт-Хајнц“ ќе ги зголеми маркетиншките ресурси во следните две години. 

Компанијата која е позната по продажба на конзервирана храна и грицки, честопати има „лош имиџ“ во јавноста поради стигмата дека продава нездрава храна. Покрај тоа, се соочува со силна конкуренција од евтините приватни трговски марки на етаблирани синџири како што се „Крогер“ и „Волмарт“. Затоа, Управата на „Крафт-Хајнц“ соопшти дека буџетот за маркетинг ќе се зголеми за 30 отсто, на околу 1,18 милијарди евра, што е прифатливо за акционерите. 

Сличен чекор и се очекуваше, откако минатата година за извршен директор на компанијата беше назначен Мигуел Патрицио, познат експерт во областа медиуми/огласување. 

Веднаш по информацијата, акциите на „Крафт-Хајнц“ скокнаа за 4,6 отсто. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...