Свет

Со 100 милијарди евра Франција ќе ја стимулира економијата

04 Sep 2020

Франција подготвува стимул од 100 милијарди евра за француската економија. Пакетот вклучува 35 милијарди евра за зајакнување на конкурентноста на економијата, 30 милијарди евра за еколошки енергетски мерки и 25 милијарди за да се помогне во заштитата на работните места. 

Транспортниот сектор ќе добие 11 милијарди евра, од кои 4,7 милијарди ќе бидат наменети за железницата. Четири милијарди евра ќе бидат издвоени за реновирање на згради за да се подобри нивната енергетска ефикасност.

Индустријата за водород, за која јавноста смета дека треба да има клучна улога во преминот од фосилни горива кон еколошки горива, ќе добие две милијарди евра.

Милијарда евра ќе се исплати во форма на директна помош за индустриски проекти, вклучително и 600 милиони евра што треба да им помогнат на компаниите да го вратат производството во Франција.

Вредноста на стимулот одговара на четири проценти од бруто домашниот производ (БДП), што значи дека Франција инвестира повеќе државни пари во својата економија од сите други поголеми европски земји, изјави официјален претставник пред објавувањето на планот.

Целта на планот е да ја спасиме нашата економија од колапс и да спречиме експлозија на невработеност, изјави францускиот премиер Жан Кастекс. 

Владата сака планот да овозможи создавање на најмалку 160.000 работни места во 2021 година. 

Стимулациите главно се насочени кон компаниите и скоро немаат цел да ја зајакнат личната потрошувачка, традиционален двигател на растот на Французите, за разлика од германските, каде намалената стапка на ДДВ цели точно на потрошувачите.

Француската економија е во рецесија и падна за 13,8 проценти во вториот квартал, што се совпадна со блокадата воведена за сузбивање на Ковид 19. Во текот на целата 2020 година, тоа треба да се намали за 11 проценти.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...