Свет

„Аграна“ ја затвора фабриката за шеќер во Австрија

26 Aug 2020

Групацијата за производство на шеќер, овошје и скроб, „Аграна“, следната година ќе затвори една од своите две фабрики во Австрија.

Ова го соопштија од компанијата по состанокот на Надзорниот одбор кој се одржа завчера. 

За 150 вработени е подготвен план за згрижување. Ќе можат да се задржат само 20 работни места. Во другата фабрика, работењето ќе продолжи како и досега.  

Погонот се затвора бидејќи во Австрија се намалија површините на кои се одгледуваше шеќерна репка. 

Оваа година, приносите од 26.000 обработлива површина се исклучително високи, па преработката е економски исплатлива. Со оглед на постоечките површини за одгледување шеќерна репка, тоа следната година нема да биде можно, па одлучивме да се концентрираме на едно место, информираа од „Аграна“. 

Според сегашните пресметки, трошоците за реструктуирање за работењето во случај на затворање на едната фабрика ќе изнесуваат до 35 милиони евра. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...