Европската комисија достави предлози до Советот на Европската унија за издвојување 81,4 милијарди евра на 15 земји-членки на ЕУ за да помогне во ублажување на ефектите од пандемијата врз вработувањето. Откако предлозите ќе бидат одобрени од Советот на ЕУ, финансиската поддршка ќе биде обезбедена во форма на заеми што ЕУ ги дава на земјите-членки по поволни услови.
Државите ќе добијат помош преку Привремениот инструмент за намалување на ризик од невработеност, дизајниран да ги заштити вработените и работните места погодени од пандемијата на коронавирус.
Меѓу 15-те кандидати на списокот се најтешко погодените земји како Италија, кои ќе добијат 27,4 милијарди евра, а на Шпанија ќе бидат издвоени 21,3 милијарди евра. Полска најверојатно ќе добие 11,2 милијарди евра, Белгија 7,8 милијарди евра, Романија четири милијарди евра и Грција 2,7 милијарди евра.
Само четири месеци откако го предложив неговото создавање, Комисијата предлага да обезбеди 81,4 милијарди евра во рамките на инструментот SURE за заштита на работните места и работниците погодени од пандемијата на коронавирус ширум ЕУ, рече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.