Свет

Историски пад на вработеноста во Германија

18 Aug 2020
Во вториот квартал од 2020 година е забележан најголем пад на вработеноста од обединувањето на двете Германии.
 
Во вториот квартал, според Заводот за статистика, во Германија биле вработени околу 44,7 милиони луѓе. Споредено со првиот квартал, вработеноста паднала за 618.000 работни места или 1,4 проценти.
 
Германските економски власти очекуваат дека оваа лоша состојба ќе трае и натаму. Компаниите се подготвуваат за ограничувања во јавниот живот, воведени заради епидемијата на вирусот корона, кои го попречуваат производството, транспортот и набавката на производи, да бидат продолжени најмалку уште осум месеци.
 
Сепак, некои се загрижени дека ќе нема доволно работници особено поради квотите за работниците од Западен Балкан. 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...