Свет

Најголем пад на БДП во историјата на Јапонија

17 Aug 2020

Јапонија го забележа својот најнизок БДП во историјата на мерењата, поради намалувањето на потрошувачката за време на пандемијата на коронавирус.

Третата најголема светска економија падна за 7,8 отсто во второто тромесечје во споредба со претходните. Се работи за годишна стапка на пад од 27,8 отсто, што е најлоша стапка од кога почнало мерењето на БДП во оваа земја.

Потрошувачката во Јапонија, во последното тримесечје се намалила за 8,2 отсто, бидејќи компаниите во земјата ја прекинаа својата работа за време на шест недели строги мерки на ограничување во април и мај.

Во Јапонија во август се забележани над 19.000 нови случаи на Ковид-19, што од прилика е една третина од вкупниот број на евидентирани заболени во земјата од почетокот на пандемијата.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...