Свет

„Дијаџио“ ги објави финансиските резултати

10 Aug 2020

Најголемиот светски производител на алкохолни пијалаци – „Дијаџио“, соопшти дека оствари оперативна добивка во износ од 2,3 милијарди евра во финансиската година што заврши во јуни, што е за 47% помалку во споредба со една година претходно.

Како причина за падот, од компанијата ја наведуваат глобалната пандемија, поради која беа затворени баровите и рестораните. Забележан е пад на продажбата на пивото Guinness и на вискито Johnnie Walker.

Охрабрувачките резултати во Северна Америка се од причина што потрошувачите купуваа повеќе алкохол, особено текила, поради затворањето на угостителските објакти, вели Кетрин Микелс, директорка за финансии во „Дијаџио“.

Таа додава дека во текот на пандемијата бил забележан еден интересен тренд – Европејците сè повеќе пијат рум. Како резултат на одличната продажба на брендот Captain Morgan, продажбата на рум се зголемила за 3%.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...