Пандемијата од корона вирусот и преземените мерки за спречување на неговото ширење влијаеа негативно на австриската економија чиј БДП во вториот квартал годинава е намален за 12,8 отсто во споредба со истиот период минатата година.
Тоа е рецесија од историски размери, укажа институтот „Вифо“.
Намалувањето на БДП во овој обем се случува прв пат по Втората светска војна.
Мерките за сузбивање на ширењето на вирусот доведоа до масовен пад на побарувачката, предизвикаа големи загуби во туризмот, сообраќајот, трговијата и услугите, но и кај уметноста и забавата. И индустријата е погодена од мерките бидејќи падна и извозната побарувачка.
Австриските економисти сметаат дека рецесијата во земјата го допрела дното во вториот квартал и сега очекува почеток на умерен раст. Предвидувањата се дека годинава падот на австрискиот БДП ќе биде меѓу 7 и 7,3 отсто, а за идната година прогнозираат повторно раст од 4,3 до 5,8 проценти.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.