Свет

„Волмарт“ вложува 2 милијарди долари во е-трговија

21 Jul 2020

„Волмарт“-Канада најави вложување од 2,26 милијарди евра во следните пет години за засилување на работењето преку интернет во тек и после пандемијата со Ковид-19 откако забележа пораст на онлајн продажбата.  

Во првиот квартал од 2020 година, онлајн продажбата на „Волмарт“ се зголеми за дури 74 отсто. Се очекува продажбата преку овој канал да продолжи и во иднина. 

Покрај тоа, трговецот најави и реновирање на околу 150 продавници, што е речиси третина од вкупната негова продажна мрежа. Во рамки на овој план, компанијата ќе постави нови скенери на полиците, ќе воведе роботи и ќе го зголеми бројот на самоуслужни каси. Понатаму, ќе издвои 710 милиони евра за изградба на два нови дистрибутивни центри и ќе ја прошири услугата „pick and collect" на 270 продавници до крајот на оваа година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...