Британската влада ќе настојува да ја отстрани кризата со невработеноста со исплата на бонуси на компаниите кои ќе ги вратат на работа работниците кои добиле отказни решенија поради корона кризата, најави министерот за финансии Риши Сунак.
Според овој план, работодавачот за секој вратен работник би добил бонус од 1.000 фунти откако во септември ќе заврши програмата за субвенционирање на плата на лицата кои се отпуштени поради корона кризата, додава Сунак.
Со програмата за зачувување на работните места, британската влада субвенционира плати на девет милиони работници, што е еквивалент на повеќе од третина од вкупниот број вработени во приватниот сектор, а ги помага и платите на два милиони самовработени.
Сакам секој во овој парламент и во оваа земја да знае дека нема да ја прифатам невработеноста како неизбежен исход, истакна Сунак пред пратениците во парламентот.
Новиот план вклучува и две милијарди фунти фонд за потребите за креирање привремени работни позиции за невработени на возраст од 16 – 24 години за време од шест месеци. Во планот е и најголемото зголемување на бројот на практикантски места во историјата кои еден дел ќе бидат финансирани од страна на владата.
Министерот најави и значително намалување на данокот на додадена вредност на потрошувачката во хотелите, рестораните и туристичките знаменитости, како и субвенционирање попусти на обуки во рестораните со цел да му се помогне на услужниот сектор кој е најтешко погоден од кризата.Стандардната стапка на ДДВ од 20 отсто сега се намалува на 5 проценти за угостителството и домашниот туризам, почнувајќи од идната среда, а на сила оваа мерка ќе остане до 12. јануари идната година. Тоа ќе ја чини владата околу 4 милијарди фунти.
Се вчитува следна вест...