Свет

Италија забрани влез за граѓани од Македонија

10 Jul 2020
Италија ги затвори своите граници за 13 земји, вклучително и за Македонија, сметајќи ги за најризични места за ширење на коронавирусот.
 
Забраната за патување се однесува на Ерменија, Бахреин, Бангладеш, Бразил, БиХ, Чиле, Кувајт, Северна Македонија, Молдавија, Оман, Панама, Перу и Доминиканската Република.
 
Епидемијата е во најзаострена фаза на глобално ниво. Не можеме да ја загрозиме жртвата што ја направија Италијанците во последните месеци, рече министерот за здравство Роберто Сперанза.
 
На граница ќе се блокираат и луѓето кои биле или транзитираат низ тие земји во последните две недели, додаде тој. Суспендирани се и директните и индиректните летови со тие 13 држави.


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...