Свет

„Пени“ воведе систем за скенирање во стотици продавници

07 Jul 2020

Дисконтерот „Пени“, кој работи во рамки на групацијата „Реве“, им овозможи на купувачите да плаќаат преку скенирање во стотици свои продавници ширум Германија. 

Таканаречениот Scan&Go систем е достапен од 29 јуни, во многубројните продавници на „Пени“. Германскиот дисконтер сака да премине на целосно бесконтактно плаќање што е можно побргу, со цел да го елиминира чекањето во ред пред касите.  

„Пени“ е првиот дисконтер во Германија кој понуди ваков начин на плаќање. 

По влегувањето во продавницата, купувачот треба да го скенира QR-кодот на својот паметен телефон. „Пени“ овозможи бар-кодови за скенирање на сите производи, вклучувајќи го и асортиманот на свежите производи. Кога купувачот ќе заврши со пазарувањето, акликацијата креира нов QR код кој купувачот го скенира, а средствата автоматски се симнуваат од неговата банкарска картичка (неопходно е телефонот да биде синхронизиран со банкарската сметка). 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...