Свет

„Алберт Хеин“ презема пет продавници „Џамбо Хершап“

07 јул 2020

Продавниците ќе бидат ребрендирани како „Алберт Хеин“ во јануари 2022 година, откако на 31 декември 2021 година ќе истече договорот меѓу „Хершап“ и „Џамбо“.

Холандскиот трговец „Алберт Хеин“ најави дека ќе преземе пет продавници „Хершап“ во Холандија, со кои управува „Џамбо“. Како дел од соработката, трговецот во линијата Streeckgenoten ќе ги вклучи и пекарските производи Bakkerij Heerschap.

Оваа соработка е нова фаза во историјата на нашиот семеен бизнис, кој трае повеќе од 50 години. Пекарницата е основа на нашата работа и сè уште е суштината и гордоста на „Хершап“. Тоа добро се вклопува во бизнисот на „Алберт Хеин“ кој се фокусира на традиционалните занаети и на локалните производи, изјави Стен Хершап, директор и сопственик на истоимената компанија.

Марит ван Егмонд, извршна директорка на „Алберт Хеин“, вели: Горда сум што Стен Хершап и неговиот тим ќе дојдат во „Алберт Хеин“. Тој е страствен и искусен бизнисмен, со прекрасни продавници и уникатна семејна пекарница, во која буквално, можете да ја почувствувате љубовта кон трговијата што трае повеќе од 50 години.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...