Меѓународната организација за труд(МОТ) очекува работните саати глобално да се намалат за 14 отсто во вториот квартал од 2020 година како резултат на пандемијата од Ковид-19.
Ваквиот пад е еднаков на загуба на 400 милиони работни места со полно работно време на глобално ниво во вториот квартал доколку се земе предвид стандардното неделно работно време од 48 работни саати.
МОТ претходно предвиде пад на работните саати од 10,7 отсто, односно загуба од 305 милиони работни позиции за истиот период.
Според извештајот, најпогодени се Северна, Централна и Јужна Америка со проценет пад од 18,3 отсто на работните саати или 70 милиони работни места со целосно работно време.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.