Свет

„Крогер“ произведе тестови за Ковид-19 за домашна употреба

03 Jul 2020

Здравствената единица на американскиот синџир супермаркети „Крогер“објави дека доби одобрение од Управата за храна и лекови за итна употреба на комплетот за собирање примероци за тестирање на Ковид-19, наменет за во домашни услови.  

Пакетот ќе им биде достапен на вработените во сите линии на работење во тек на следната недела. Од „Крогер“ соопштија дека планираат да ја прошират расположливоста и за други компании. 

Тестирањето функционира така што пациентот брисот од нос треба да го земе самиот, дома, под надзор на овластен здравствен работник преку видео повик. Потоа треба да го испрати во лабораторија на обработка. Повеќето резултати ќе бидат потврдени за помалку од 72 часа, соопштија од компанијата. 

За почеток, комплетот ќе биде достапен во 15 американски држави, а во наредните недели ќе можат да го добијат и останатите држави во САД. 

Собирањето на брисевите на ваков начин помага да се намали бројот на пациенти во болниците и ги намалува шансите за ширење на вирусот како кај граѓаните, така и кај здравствените работници. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...