Американскиот производител на месни алтернативи, хамбургери и колбаси од растително потекло – „Бејонд мит“, соопшти дека неделава воспоставил деловна соработка со кинески „Алибаба“.
„Ројтерс“ пренесува дека американската компанија постигнала договор за продажба на хамбургерите за зеленчук во Кина, во продавниците на „Фрешипо“, кои се во сопственост на интернет гигантот „Алибаба“.
Продажбата ќе почне овој викенд, а растителните производи ќе бидат достапни во 50 продавници во Шангај. „Бејонд мит“ планира во септември да се прошири на уште 48 продажни места во Пекинг и во Хангџоу. Освен тоа, производите ќе бидат достапни и на мобилната апликација Freshippo.
Минатиот месец кинеската групација „Јам Чајна холдингс“ ги понуди производите Beyond Meat во некои ресторани за брза храна, како што се КФЦ, „Пица хат“ и „Тако бел“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.