Француската козметичка компанија „Лореал“ постепено ќе ја преименува ознаката на производите за избелување на кожата од „whitening“ во посоодветниот и пофункционален назив „glow“.
По притисокот од јавноста, одлучивме ознаките „fairness“ и „whitening“ да ги смениме во „glow“, истакна Жан-Пол Агон, извршен директор на компанијата.
Производителот на брендовите Maybelline и Garnier се одлучи на тој потег, откако уште еден голем концерн – „Унилевер“ почна сличен проект. И двете мултинационални компании се силни на пазарите во Азија, Африка и на Карибите со линиите за козметика.
Веќе подолг период производите за избелување на кожата се означуваат со „fairness“ и „whitening“, што со текот на времето наидува на сè поголем отпор од купувачите, изјавил Агон на состанокот со акционерите.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.