Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги зголеми проценките за падот на светската економија оваа година од претходните 3 на 4,9 проценти.
ММФ соопшти дека развиените економии ќе бидат особено погодени, па затоа ја зголеми проценката на падот на американската економија оваа година за повеќе од два процентни поени, на 8 проценти.
Состојбата не е подобра ниту во економијата на еврозоната.
Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, рече дека најлошиот дел од економската криза е веројатно завршен, но дека закрепнувањето ќе биде нерамномерно и нецелосно.
Сепак, еврото беше поддржано со записникот од седницата на ЕЦБ, на која беше донесена одлука на почетокот на месецот да се продолжи кризната програма за купување обврзници до средината на следната година и да се подигне нејзината вредност за 600 милијарди евра на вкупно 1,35 трилиони евра.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.