„Кооп“-Шведска најави дека ќе стави декларации за одржливост на сите производи од своите приватни трговски марки.
Од седиштето на компанијата соопштија дека декларацијата ќе го назначи влијанието на одреден производ врз ресурсите на планетата, врз климата и врз општеството. Потрошувачите ќе можат да ги видат информациите со дигитално скенирање на баркодот на производот.
Проценката е дека со спроведување на оваа иницијатива ќе се почне во првото тримесечие на 2021 година.
Изјавите ќе се темелат на 10 параметри кои бараат одржлив развој и ќе го „прегледаат“ целиот синџир на снабдување, до нивото на секоја состојка поединечно.
Сакаме да ја повлечеме напред прехранбената индустрија, да станеме уште поодржливи. Се надеваме дека целата индустрија ќе не следи во оваа иницијатива, соопштија од „Кооп“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.