Свет

Ознака NutriScore да биде задолжителна

16 Jun 2020

Повеќе трговци и производители, меѓу кои и „Лидл“, „Ахолд Делез“, „Данон“ и „Нестле“, сметаат дека ознаката NutriScore на прехранбените производи треба да биде задолжителна во сите земји на ЕУ.

Во заедничкото писмо до Европската комисија речиси 40 групации – организации на потрошувачи, креатори на политики, академици, прехранбени компании и трговци – побараа законодавен предлог за воведување на системот NutriScore низ цела ЕУ.

Според нив, семафор-системот на предната страна од амбалажата на прехранбените производи и на пијалаците ќе им помогне на потрошувачите да направат поздрав избор.

Повикот е во согласност со стратегијата „Од фарма до виљушка“ на Европската комисија, чија цел е одржлив систем на исхрана. Со оглед на тоа што стратегијата промовира здрава храна за сите, организациите очекуваат извршната власт на ЕУ да ја предложи ознаката NutriScore како задолжителна.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...