Свет

„ВкусВил“ ја отвори првата продавница во Холандија

11 Jun 2020

Рускиот синџир маркети „ВкусВил“ го отвори својот прв објект надвор од домашниот пазар, а од компанијата велат дека со овој потег сакаат да ја прошират својата мрежа за продажба во странство.

Седиштето на компанијата соопшти дека нивната прва продавница е отворена во Амстердам. Широк спектар на производи е достапен за сите потрошувачи, со посебен акцент на здравите и свежите производи. Продавницата во холандската престолнина нуди 150 локални производи како што се сирење, суво овошје, риба, овошје и зеленчук, закуски, сокови и јогурт.

Основачот Андреј Кривенко, истакна дека тие го избрале Амстердам за нивна прва локација во странство, поради одличниот тим на луѓе кои ги споделуваат своите вредности и визија. Доколку овој проект во Холандија биде успешен, планот е да се отвори и продавница и во Франција.

Во следните десет години, трговецот планира да отвори 1.200 продавници во Западна Европа. „ВкусВил“ планира да се прошири и на кинескиот пазар.

Според компанијата, минатата година малопродажбата генерирала повеќе од 1,3 милијарди американски долари. Тие се исто така многу успешни во сегментот на интернет-продажба (пред пандемијата, тие имаа над 30.000 е-нарачки).



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...