Свет

„Асахи“ ја купува „Карлтон & јунајтед бруверис“

08 Jun 2020

„АБ Инбев“, една од најголемите светски пиварници, ја продаде австралиската подружница „Карлтон & јунајтед бруверис“ на јапонскиот гигант „Асахи“ за 16 милијарди австралиски долари (10,04 милијарди евра).

Договорот требаше да биде заклучен порано годинава, но австралиските власти за заштита на конкуренцијата внимателно истражиле дали постои можност за монопол на пазарот.

Јапонската групација „Асахи“ го продолжува проширувањето на бизнисот, откако во јануари минатата година го заврши преземањето на британската пиварница „Фулерс“, а претходно ги купи брендовите Peroni и Grolsch.

Пиварницата „АБ Инбев“, позната по брендовите Stella Artois, Budweiser и Corona, има долг од повеќе од 100 милијарди долари, од кои дел се поради купувањето на „САБ Милер“ во 2016 година. Групацијата во 2018 година оствари нето-добивка од 5,9 милијарди евра, што е за 14,7% помалку од една година претходно.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...