Долф Ван ден Бринк од 1 јуни ја презеде должноста извршен директор и претседател на Извршниот одбор на „Хајнекен“, соопштија од компанијата.
Тој работи во „Хајнекен“ 22 години и до неодамна беше претседател на компанијата за азиско-пацифичкиот оддел. Му се препишува важна улога во создавањето врвни тимови како на развиените пазари, така и на пазарите во развој.
Се чувствувам почестен да ги следам чекорите на мојот претходник и се радувам на надградбата на негово импресивно наследство. Заедно со извршниот тим, уверен сум дека успешно ќе управуваме со оваа криза, истовремено градејќи светла иднина, изјави Ван ден Бринк.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.