Британскиот трговски синџир „Асда“ ја претстави шарената виножито-пица како знак за поддршка на здравствените работници во Велика Британија.
Овој гест има цел да им помогне на Националниот здравствен сервис и на другите медицински експерти, кои се соочуваат со зголемен обем на работа во текот на пандемијата на коронавирусот. Целокупната заработка од продажбата на виножито-пиците, трговецот ќе ја проследи до Националниот здравствен сервис и до Добротворната организација за грижа на работниците.
Иницијативите на брендови како „Асда“ значат многу во целата земја и ни помагаат да ги поддржиме задрвствените работници, волонтерите и пациентите во текот на влијанието на Ковид-19, изјави Ели Ортон од Националниот здравствен сервис.
Вегетаријанската пица има пет шарени слоја, кои се состојат од црвени и портокалови пиперки, жолта пченка, зелен спанаќ и црвен кромид. Пицата е достапна во сите продавници на „Асда“, по цена од 2,96 фунти (околу 3,3 евра).
Извор: esmmagazine.com
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.