Свет

Продажбата во „Волмарт“ се зголеми за 10%

22 May 2020

Продажбата на „Волмарт“ се зголеми за 10% во првиот квартал, а трговецот соопшти дека има зголемување и на приходите од е-продажбата за 74%, како резултат на паничната набавка што се случи во САД за време на пандемијата предизвикана од коронавирусот.

Најголемиот трговец во светот доживеа невиден пораст на побарувачката на крајот на март и почетокот на април, затоа што потрошувачите подготвуваа залихи за подолг временски период во случај да останат дома, а значително се намали бројот на патувања до продавниците.

Сепак, компанијата ја повлече целогодишната прогноза поради деловната неизвесност предизвикана од пандемијата.

„Волмарт“ исто така го зголеми бројот на вработените, привремено зголемувајќи ги платите. Компанијата троши повеќе за одржување на своите продавници и логистички центри, додека незадоволството расте кај американските работници поради загриженоста за нивните безбедност и плати.

Компанијата соопшти дека претрпела дополнителни трошоци поврзани со пандемија од речиси 900 милиони долари (821,7 милиони евра).

Сепак, приходите од работењето пораснаа за 5,6% на 5,22 милијарди долари (4,77 милијарди евра) во кварталот кој заврши на 30 април.  

„Волмарт“ соопшти дека ќе го затвори Jet.com, интернет старт-ап што го купи во 2016 година за 3,3 милијарди долари (3,01 милијарди евра).



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...