Свет

„Кампбел суп“ ќе го намалува отпадот од амбалажа

17 May 2020

Компанијата „Кампбел суп“ најави воведување на нови одржливи пакувања, со цел да го намали отпадот од амбалажа, фокусирајќи се на зголемување на животниот циклус на користените материјали.

Од компанијата одредија четири цели што ќе се однесуваат на животниот век на пакувањата – од избор на суровини, до продолжување на употребливоста, вклучувајќи рециклирање и компостирање.

Освен тоа, компанијата планира до 2030 година да вградува најмалку 25% од рециклираната содржина во сопствената ПЕТ-амбалажа. Од „Кампбел суп“ порачуваат дека настојуваат да ја зголемат стапката на рециклирање до 2022 година со додавање на ознаката How2Recycle на сите пакувања.

Новите одлуки за пакувањата се патоказ за понатамошно намалување на влијанието врз животната средина и надградување на нашата историја на одржливост, истакнуваат од „Кампбел суп“.

Извор: esmmagazine.com



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...