Козметичкиот гигант „Коти“ се согласи да го продаде мнозинскиот удел од бизнисот со професионалните брендови за нега на коса, вклучувајќи ги Wella и Clairol.
Купувач на линијата за нега на коса е инвестициската компанија ККР, која за оваа трансакција ќе одвои 4,3 милијарди американски долари (речиси 4 милијарди евра). Освен тоа, од ККР ќе заземат и две места во Управниот одбор на козметичкиот гигант, кој е основан во 1904 година во Париз.
Инвестициската компанија ќе купи околу 60% од уделот, што вклучува и сопственост над брендовите OPI и ghd.
За првиот финансиски квартал годинава, кој заврши на 31 март, „Коти“ соопшти за пад на продажбата за 23%, на 1,41 милијарда долари.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.