„Кока-кола ХБЦ АГ“, фабрика за полнење на безалкохолни пијалаци“ објави дека продажбата во април падна за повеќе од третина, најмногу поради затворањето на рестораните за брза храна, театрите и другите објекти за јавно собирање, поради ограничување на ширењето на корона вирусот.
Фабриката за полнење на пијалакот Coca-Cola објави дека нето-приходите од продажбата во април се намалија за 37,2% во постојана валутна основа, при што продажбата во првиот квартал падна за 1,2%, на 1,41 милијарди евра.
По силниот почеток во 2020 година, март и особено април беа потешки. Силниот почеток во јануари и февруари ни обезбеди да влеземе во оваа криза од положба со реална сила, изјави извршниот директор Зоран Богдановиќ.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.