Свет

Се одложува Саемот на ПЛМА

04 May 2020

Саемот „World of Private Label“ (Светот на приватните трговски марки), во организација на ПЛМА, кој првично беше закажан за 26 и 27 мај годинава, се одложува за 2 и 3 декември. Местото на настанот останува исто – изложбениот центар РАИ во Амстердам.

Одложувањето е резултат на ограничувањата наметнати од надлежните власти, со кои се забранува одржување на големи настани, како што се трговските саеми за време на кризата со корона вирусот.

Со сите владини ограничувања, затворања, неизвесности и лични грижи, одложувањето на саемот беше неизбежно. Тимот на ПЛМА и сите вклучени партнери ќе работат напорно и со максимален ентузијазам и фокус на новите датуми во декември. Целосно сум уверен дека тоа ќе биде одлично шоу, изјави Брајан Шароф, претседател на Асоцијација на производители на приватни трговски марки (Private Label Manufacturers Association – ПЛМА).



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...