Свет

Интернет-трговијата руши рекорди во САД

03 May 2020

Според истражувањето на веб-страницата Brick Meets Click интернет-трговијата во април ги срушила сите рекорди.

Нивните податоци покажуваат дека приходите од купувањето на мрежата пораснал за 37% и достигна износ од 5,3 милијарди долари. На пример, во март е-трговијата во САД изнесувала 4 милијарди долари.

Бројот на нарачките на веб-страницата Brick Meets Click се зголемил од 46,9 милиони на 62,5 милиони, а просечната вредност на кошницата изнесувала 85 долари, во споредба со март кога изнесувала 82 долари.

Просекот на големите купувања исто така се зголемил, додека просечниот Американец во март нарачувал 1,2 големи нарачки/преземања, тој број во април се зголемил на 1,6%.

Секако, точните информации ќе бидат наскоро достапни, а оваа проекција е направена според податоците собрани меѓу 22 и 25 април.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...