Свет

Се јавува недостиг од јаглероден диоксид

24 Apr 2020

Претставници на повеќе американски организации од индустријата за храна и за пијалаци предупредуваат дека е намалено снабдувањето со јаглероден диоксид (CO2) од фабриките за етанол поради Ковид-19, што може да доведе до недостиг од храна и пијалаци.

CO2 е од витално значење за обработка, пакување, конзервирање и испорака на многу прехранбени производи, а се користи и за производство на пијалаци – пиво, газирани пијалаци и газирана вода.

Прелиминарните податоци што ги достави Здружението за компримиран гас (Compressed Gas Association) покажуваат дека производството на CO2 се намалило за 20% од 7 април, а се прогнозира пад на производството од 50% до крајот на месецов.

Организациите тврдат дека неможноста да се гарантира снабдувањето со CO2 ќе доведе до забавување на производството на храна и на пијалаци и оти недостигот на крај ќе доведе до намалени количества од потребните производи.

Извор: foodbev.com



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...