Свет

СТО: Пад на глоблната трговија до 32%

18 Apr 2020

Светската трговска организација (СТО) очекува пад на трговијата во светот меѓу 13 и 32 отсто годинава, во зависност од ситуацијата со пандемијата и мерките кои ќе ги преземат државите.

Големиот распон на можностите за пад се објаснува со природата на моменталната криза и неизвесноста во врска со нејзиното влијание врз економијата, се наведува во соопштението.

Ограничувањата на движењето и одржувањето дистанца во општеството директно влијае врз достапноста на работната сила, транспортот и на патувањата на начин како што во финансиската криза во 2008 и 2009 година не беа погодени. Економистите од СТО веруваат дека економскиот пад веројатно ќе го надмине оној од времето на споменатата криза.

Во текот на наредните години се очекува закрепнување, но тој ќе зависи од траењето на пандемијата и од економските мерки преземени од државите.

Трговијата веројатно најмногу ќе падне во секторите со комплексни синџири на снабдување, особено во производството на електронските компоненти и во автомобилската индустрија.

Во зависност од развојот на ситуацијата СТО предвидува две можни сценарија.

Според оптимистичкото сценарио, напите економисти предвидуваат пад на глобалната трговија годинава од 13% во споредба со 2019 година. Ако пандемијата не биде ставена под контрола и владите не успеат да применат и координараат ефикасни политички одговори, падот може да изнесува 32% и повеќе, изјави генералниот директор на СТО, Роберто Азевадо.

Двете сценарија предвидуваат двоцифрен пад на извозот и на увозот во текот на годинава во сите делови на светот, а особено ќе бидат погодени Северна Америка и Азија.

Исклучок би биле Африка, Блискиот Исток и Заедницата на независни држави, која ја сочинуваат девет држави од поранешниот Советски сојуз: Русија, Азербејџан, Казахстан и Киргистан. Помалиот пад на извозот во овие земји се објаснува со тоа што тие во голема мера извезуваат енергетски производи.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...