Свет

Попуст во продавниците за здравствени работници

16 Apr 2020

„Морисонс“, четвртиот најголем трговец по пазарно учество во Велика Британија, им овозможи на членовите на Националниот здравствен систем (NHC) 10 отсто попуст на сите пазарувања во „Морисонс“. 

Од компанијата соопштија дека со овој гест сакаат барем малку да им олеснат на здравствените работници, кои се под голем притисок поради пандемијата со коронавирусот како во Велика Британија, така и во светот. Со овој чекор „Морисонс“ е прв од големата четворка трговски синџири кој обезбеди некој вид попуст за 1,5 милион работници во државните здравствени установи. Повеќето други трговци им овозможија на здравствените работници само предност при купувањето. 

Од седиштето на компанијата порачаа дека здравствените работници ќе имаат право на попуст од четврток, 16 април, до 12 јули оваа година. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...