Свет

ММФ: Светот се соочува со најголема економска криза по „Големата депресија“

10 Apr 2020

САД веќе се во рецесија што ќе трае неколку месеци, според истражувањето на 45 економисти, пренесува „Си-ен-ен“.

Економистите предвидуваат остра рецесија што нема да трае премногу долго, имајќи предвид дека пандемијата на вирусот корона сериозно ја ограничува економската активност.

Пандемијата ќе го претвори годинашниот економски раст во негатива, рече шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева, предупредувајќи дека светот се соочува со најтешка економска криза од „Големата депресија“ во 30-тите години од минатиот век.

Таа додава дека најпогодени ќе бидат земјите во развој и брзорастечките пазари, за кои ќе бидат потребни стотици милијарди долари странска помош.

Пред само три месеци очекувавме пораст на приходите по жител во 160 наши земји-членки во 2020 година, рече Георгиева.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...