Од компанијата соопштија дека по солидниот Q2, „Метро“ иницираше сет КОВИД-19 мерки и ги повлече очекувањата за финансиската 2019/2020 година.
На самиот почеток „Метро“ реагираше на пандемијата предизвикана од корона вирусот со сеопфатни пакет-мерки и добро е позициониран за да ја преброди моменталната ситуација. Тоа може да го постигне благодарение на својата децнтрализирана организација и доволно ликвидни резерви, соопштуваат од компанијата.
Како што стои во соопштението, заштитата и сигурноста на вработените и купувачите е од најголема важност што може да се забележи во донесените мерки за заштита. Истовремено, компанијата обезбеди континуитет на снабдувањето на прехранбени и други производи, најчесто преговарајќи директно со производителите. Како што објаснуваат, на тој начин обезбедуваат краток синџир на снабдување и голема достапност на стока. Освен тоа, нагласуваат дека „Метро“ работи и на програми за поддршка на професионалните купувачи до угостителството и трговскиот сектор.
Додека КОВИД-19 и понатаму се шири низ светот, безбедноста и здравјето на вработените и купувачие се наши главни приоритети, вели Олаф Кох, генерален директор на „Метро АГ“. Преземавме итни и доследни активности за да одговориме на привремениот пад во хорека-секторот. Ги намалуваме трошоците, го осигуруваме континуитетот на синџирот на снабдување и ги поддржуваме нашите купувачи со многубрјни иницијативи, додава Кох.
Речиси 95% од продавниците на „Метро“ се отворени за купувачите. Зголемена е побарувачката и забележан е пораст на продажбата за околу 50%. Продажбата во хорека-работењето падна за дури 75%.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.