Мексиканскиот производител на пивото Corona – „Модело“, кој работи во рамките на „АБ Инбев“, соопшти дека привремено го запира производството на светски познатото пиво.
Одлуката стапува во сила денес, откако владата на Мексико неделава воведе здравствена вонредна состојба поради епидемијата на вирусот корона и наложи прекин на неесенцијалните производствени активности во јавниот и во приватниот сектор. Оваа мерка ќе биде на сила најмалку до 30 април.
Според последните податоци, во Мексико има 1.890 луѓе заболени од Ковид-19 и 79 починати.
Најпознатото мексиканско пиво Corona се извезува во 180 земји низ целиот свет.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.