Свет

Русите масовно купуваат ѓумбир

03 Apr 2020

Трговците во Русија забележуваат зголемена побарувачка за ѓумбир, како резултат на пандемијата на вирусот корона, соопштија претставници на групацијата „X5 ритеил“.

Зголемената потрошувачка се должи на верувањето на руските потрошувачи дека овој суперзачин го зголемува имунитетот, па се надеваат и дека ќе ги спаси од вирусот корона.

Бележиме зголемена побарувачка за ѓумбир, бидејќи потрошувачите во желбата да се заштитат од инфекција, го зајакнуваат нивниот имунолошки систем, истакна портпаролот на „X5 ритеил“.

Претставниците на трговската групација велат дека компанијата се обидува да го договори увозот на ѓумбир од нови земји, затоа што епидемиолошката состојба е неповолна во земјите од каде што се увезува.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...