Милијардерот Џеф Безос, основачот на компанија „Амазон“ ќе донира 100 милиони долари за сиромашните и најранливи групи граѓани во САД како дел од борбата против кризата со корона.
Безос објави дека донацијата е на сметка на непрофитната организација „Фидинг Америка“, со цел да им помогне на здруженијата што се грижат за гладните. Состојбата со храната е проблем во САД дури и во „нормални“ времиња, а Ковид-19 само повеќе ја усложнува целата ситуација, истакна тој.
Голем број од здруженијата за прехрана на гладните во САД очекуваат донации на храна, од рестораните за брза храна, од кои поголемиот дел се затворени.
Вирусот ги влоши работите – дарувањето храна е намалено, а побарувачката се зголемува, додава милијардерот.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.