Дел од европските супермаркети од понеделник ќе мораат да им делат маски на своите купувачи.
Владите на Словачка, Чешка и Словенија веќе наложија дека е задолжително носењето маска на јавни места, а истата мерка по два дена ќе ја примени и Австрија.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави дека сака да ги води големите супермаркети како делат маски за купувачите, но обиколката на неколку виенски трговци покажа дека истите не се подготвени да ја спроведат мерката. Од еден трговски синџир изјавила дека владата ги изненадила, а загрижени се и поради трошокот и можниот проблем со набавка на маски.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.