Свет

Бонуси од 1.000 евра за сите што одат на работа во „Ошан“

02 Apr 2020

Францускиот трговец „Ошан“ ќе им исплати дополнителни бонуси на платата на сите вработени, кои и покрај ризикот од зараза одат на работа во продавниците, магацините или вршат достава.

Се очекува 65.000 вработени во „Ошан“ на матичниот пазар во Франција да добијат бонус од околу 1.000 евра, бидејќи покажале извонредна посветеност и мобилизација, останувајќи на работа во екот на кризата со пандемијата од вирусот корона.

Трговецот планира да ја спроведе истата практика и на пазарите на Романија, Унгарија, Шпанија и Португалија. Од компанијата велат дека износот на бонусите ќе биде различен во овие земји, односно ќе зависи од пазарот.

Минатиот петок францускиот министер за економија Бруно Ле Мер, на трговците им даде до знаење дека тоа е гест со кој ќе покажат дека ги почитуваат работниците, кои работат полно работно време. Тој истакна дека ова е една од најзагрозените професии за време на пандемијата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...